TROCAL

TROCAL 88+ ВРАТА

Резидентални врати за приватни куќи. Иновативен систем на станбени врати за приватни куќи кој покажува исклучителни својства на топлинска изолација. Кај Trokal, посветено е големо внимание не само на совршената технологија на производство, туку и на беспрекорен визуелен изглед. Карактеристика кај овој систем е скриеното панел-крило.

Најдобрите вредности на топлинска изолација.
Иновативниот мулти-коморен профилен систем на TROCAL 88+ со своите високо-термоизолациони панели покажува исклучителни својства на топлинска изолација и го обезбедува потребниот простор.

Сертифицираната резидентална врата се карактеризира со праг-систем со термокрени кој има втор ред на гима. Ова обезбедува висок степен на запечатување, па освен топлинска, обезбедува и изолација од дожд, на праг кој е висок само 20 мм.

TROCAL 88+ ПРОЗОРЦИ

TROCAL 88+ Passivhaus носи нова генерација PVC профили за прозорци со интелегентна изолација и голема длабочина при инсталацијата. Со други зборови: елегантен изглед, идеални пропорции и максимална површина на осветленост.

Порано, прозорците за куќите не беше можно да се призведуваат со таква убавина и совршенство. Но денес, исклучително тенкиот профил го дефинира визуелниот изглед на куќата и остава посебен белег.

Врвни термоизолациони својства

  • Тенкиот профил обезбедува највисок можен продор на дневна светлина и максимално искористување на истата.
  • Високата цврстина и торзиона отпорност е постигната со помош на врската помеѓу крилото на прозорецот и стаклото.
  • Големите стаклени врати можат да бидат со висина до 2,5 м.
  • Можност за рециклирање на материјалот.
  • Двојна комора за елегнатна линија.

Passive house прозори со модерен дизајн

Да одговорите на комплексните барања за топлинска изолација може да биде одлучувачки при изборот на прозорците. Ние се трудиме да обезбедиме спој од модерна технологија, современ дизајн и усовршен основен концепт, како би одговориле на потребите на клиентите.

TROCAL 88+ AluClip AluFusion

AluClip

Новата генерација на прозорци претставува интелигентна комбинација на предностите од алуминиум и ПВЦ. Надворешната алуминиумска облога нуди неограничени можности при употребата на бои, додека внатрешниот ПВЦ профил обезбедува оптимална топлинска изолација, подобрена сигурносна функционалност и ниски трошоци за одржување.

  • Подобрена топлотна изолација со оптимални топлотни особини.
  • Uf вредност 1.1 W/ (m²K)
  • 88 mm / 93 mm длабочина на вградување на AluClip-от.
  • Посебна топлинска изолација во споредба со алуминиумските прозорци.
  • Изгледот е алуминиумска надворешност со ПВЦ од внатре.
  • Високо квалитетен дизајнот базиран на класичниот агол на алуминиумскиот панел.
  • Неограничено достапен избор на бои.
  • Повеќе простор и зголемена стабилност за звучна изолација и сигурност.
  • 88 mm / 93 mm длабочина на вградување на AluClip-от за максимална звучна изолација.
  • Опсег на застаклување од 24-54 mm за тројно и специјално стакло.
  • Осигурувачи за заштита од провална кражба.

AluFusion

Освен познатата функционалност на алуминиумската облога, дополнителните специјални карактеристики вклучуваат лизгачки спој помеѓу функционалната алуминиумска постава и профилот на ПВЦ крилото, при што профилот од алуминиум е во уникатна врска со ПВЦ профилот.

  • Подобрена топлотна изолација со оптимални топлотни особини.
  • Со Uf вредноста од 1.1 W/ (m²K), TROCAL 88+ AluFusion поставува нови стандарди во топлинската заштита.
  • Елегантен алуминиумски дизајн со криво или полу-збрчкано крило во однос на рамниот раб.
  • Енормна стабилност
  • Алуминиумскиот профил во овој патентиран дизајн ја презема функцијата за зацврстување, така што, металното засилување на ПВЦ профилот е потребно само во посебни случаи.
  • Крилото на балконските врати достигнува висина и до 2.6 м, а висината на елементите до 3.5 м без надворешните профили.
TROCAL 88+ Standard

TROCAL 88+ Standard претставува премиум прозорски систем кој комплетно ги исполнува сите стандарди, естетски и за квалитет, и со совојот елегантен дизајн и функционалност во целост ќе ги задоволи потребите на нашите клиенти.

  • Технологијата со шест комори, не само во профилот на крилата и стеблата, туку и на сите функционални нивоа, се димензионирани за оптимална топлинска изолација.
  • Подобрена Uw вредност, намалена кондензација и повисоки површински температури за зголемена удобност. Малку видливи линии на прозорецот за зголемен продор на дневна светлина.
  • Три нивоа на дишење со термички средишен отвор и иновативни крила во крилниот браник кои обезбедуваат добра хидроизолација, оптимална заштита од ветер и супериорна звучна изолација.