ОГРАДИ

Алуминиумските огради и рачки и огради од ковано железо кои имаат одлична цена, долготрајност, леснo одржување и нерѓосувачки својства. Систем кој е подлежи на адаптирање и монтажа на сите внатрешни и надворешни делови од објектот. Поради својата отпорност на атмосферски влијанија погодни се за монтирање на секаков тип на градба и во затворен простор и на отворено.  Оградите се системски изработени,  лесно се спојуваат  и се без вибрации, што дополнително придонесува за квалитетот и едноставноста на монтажата.

Тие се естетски и модерни по облик, прилагодени на потребите, а на тој начин овозможуваат и простор за креативност во изработката. Кај алуминиумските огради нема потреба од дополнително бојадисување. Инсталацијата се изведува механички без дополнителна термичка обработка на металот, што целосно ја задржува издржливоста на производот во неговата финална форма.
Нашите профили и елементи се анодирани (10-25 микрони) во варијанти:

  • Сребрена боја, висок сјај
  • Нерѓосувачки челик, односно темно сива боја